Договор има, но што понатаму: Нејмар не е среќен, а договорот со ПСЖ тоа го докажува…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар пред една година стана најскапиот играч на сите времиња, кога од Барселона премина во ПСЖ за 222 милиони евра.

Нејмар по четири многу добри сезони одлучи да ја напушти Барселона што ја изненади фудбалската јавност. Понудата од Парижаните не можеше да ја одбие и таму замина за конечно да излезе од сенката на Лео Меси и Кристијано Роналдо. Сепак, тоа не му одеше баш по планот и се повеќе се зборува дека е несреќен во францускиот клуб.

Веќе неколку недели на големо се шпекулира за тоа дека Нејмар на крајот од оваа сезона би можел да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона. Француските медиуми објавија дека Нејмар направил договор со ПСЖ да го пуштат на крајот од оваа сезона за сума од 200 милиони евра.

Желбата на Нејмар е да се врати во Барселона каде навикна на живот, но доколку Каталонците не изразат желба да го купат од ПСЖ, тогаш Бразилецот најверојатно ќе ги засили редовите на Реал Мадрид. Едно е сигурно, а тоа е дека не очекуваат доста возбудувања што се однесува на судбината на најскапиот играч во историјата.