Дождот направи хаос: Суперкласико нема ниту вечерва да се игра?! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Едно од најголемите дербиња во светот е сигурно дуелот помеѓу Бока јуниорс и Ривер плејт. Лутите ривали вчера требаше да играат на „Ла Бомбоњера“ во Копа Либертадорес, но дуелот беше одложен поради силниот дожд.

Дождот вчера направи голем хаос во Буенос Аирес, а теренот на Бока јуниорс беше целосно потопен. Иако навивачите почнаа да се собираат на трибините на легендарниот стадион, сепак на крајот беше решено натпреварот да се одложи за 24 часа.

Но, според информациите од Аргентина уште не е сигурно дали ќе се одигра натпреварот и вечерва.

Временската прогноза не ветува многу, а голема количина на вода прави големи проблеми на организаторот на натпреварот. Дуелот треба да се игра од 20 часот, но конечна одлука ќе се донесе околу 15 часот.