Донарума донесе одлука – Останува ли во Милан?


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Младиот голман Донарума донесе одлука за продолжување на кариерата.

Овој 18-годишен фудбалер, според медиумите, одлучил да остане во Милан.

Донарума наводно ќе потпише продолжување на соработката со Милан, а новиот договор ќе го задржи во тимот до 2020 година.

Актуелниот договор му е до 2018-та година, а тој со своите одбрани привлече голем интерес на европските гиганти.

Интересот за него го покажаа Јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид, но по се изгледа дека тој нема да замине од Милан.

Во наредните денови Милан треба да се сретне со менаџерот на Донарума и да преговара.

Донарума стана прв голман на Милан на само 16 години и веќе година и пол е незаменлив на голот на овој тим.