„Донарума не може да биде капитен! Поради две причини…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот се спротистави на идејата младиот голман да биде капитен за да потпише нов договор.

Милан ќе се обиде да направи се за да го задржи Донарума. Тој неодамна наполни 18 години и е под голем притисок да одбере клуб.

Јувентус и некои други клубови се заинтересирани за него и ќе се обидат да го донесат во свои редови додека Милан сака да му понуди долг договор и да го направи легенда на тимот. Тие беа подготвени да му ја дадат и капитенската лента, но Монтела не се согласува со тоа.

„Тој е сеуште дете. Според моја прооценка. Исто така, капитен мора да биде некој кој ќе им помага на соиграчите во секој момент и кој може да зборува со судијата или играчите кога е тоа потребно. Ако биде Де Шиљо, тогаш тој ќе го почитува тоа.“

Меѓутоа, тој не е омилен меѓу навивачите на Милан, откако се појави приказна дека ќе замине во Јувентус.

„Де Шиљо е играч кој има многу доверба кај стручниот штаб и луѓе во клубот. Не му беше лесно во последно време, поминуваше низ тежок период. Критиките се нешто што мора да го прифатиме, но кога навивачите му свират на мојот играч, се чувствувам како да ми го прават тоа и на мене.“