„Досие Лукаку“  – Се огласи и Раиола


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот менаџер откри некои детали поврзани за иднината на неговиот клиент…

Ромелу Лукаку наскоро ќе стане најплатен играч во историјата на Евертон, но не значи дека ќе остане уште долго на Гудисон Парк.

„Имаме многу добра комуникација со луѓето од Евертон. Навистина не постои ни најмал проблем.  Управата спреми нов договор и Ромалу наскоро ќе го потпише. 99.9 % од работите веќе ги договоривме“, изјаив Мино Раиола.

Меѓутоа, потпишувањето на нов договор, по кој Белгиецот ќе заработува 100 000 фунти неделно, не е гаранција дека ќе се задржи во клубот долг временски период.

„За се зборувавме. Во случај на добра понуда може да се случи да замине веќе во наредното лето. Во Евертон се свесни дека се во транзиција и не сакаат да го ограничуваат Лукаку доколку тој посака нов предизвик. Во фудбалот никогаш не се знае. Ако Евертон успее да избори пласман во ЛЕ, тука се веќе некои нови моменти. Да не зборувам за ЛШ, која е цел во иднина“. Рече Раиола.