„Дракслер е многу важен играч за нас“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ од 17 часот го играат натпреварот во 20-то коло во Лига 1 во гости против Рен, а токму на тој натпревар Дракслер би можел да дебитира во лигата.

Тој на почетокот на овој месец стигна во клубот од Волфсбург за 40 милиони евра и веќе дебитираше за тимот во купот против Бастија.

ПСЖ победи со 7:0, а Дракслер успеа да постигне гол.

Тој поради повреда го пропушти наредниот натпревар во купот против Мец на домашен терен, на кој ПСЖ победи со 2:0.

„Дракслер е многу важен фудбалер за нас. Тој може да игра на позиција на лево крило и нашиот тим е подобар со него. Мислам дека е подготвен да игра денес откако имаше полесна повреда. Не знам дали е подготвен за 90 минути, но сигурно ќе може да го започне натпреварот.“