Драмата во Милано продолжува: Икарди не сака специјален третман, туку ќе оди на операција!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема многу новости за ситуацијата меѓу Мауро Икарди и Интер, а Хавиер Занети го повикал Аргентинецот да им се врати на обврските, но од друга страна нема одговор освен неколку коментари на Ванда Нара.

Икарди нема да игра ниту против Фиорентина, зашто има болки во коленото, а „Кориере дело Спорт“ пишува дека му бил предложен специјален третман, но на крајот решиле да оди на операција.

Ова значи дека цената на Икарди дополнително ќе му падне, зашто нема никој да плати 110 милиони евра за Аргентинецот, а Интер не би прифатил ниту 80-90 милиони евра.

„Нераѕурите“ му понудиле 6,5 милиони по сезона, која Икарди не сака да ја прифати, а се шпекуира дека не се согласува до докторите, кои мислат дека може да игра, а лесната повреда ја користи како изговор да не се врати на теренот.

Едно е сигурно, а тоа е дека драмата продолжува, а најверојатно расплет ќе има наредното лето.