Драма во Германија – Милано го изненади Олимпијакос


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одиграа 3 натпревари во Евролигата.

Во првиот натпревар кој се играше денес Анадолу беше подобар од Дарусафак со 93:81. Тие сигурно го отворија натпреварот, а во тоа темпо продолжија понаатаму и на крајот заслужено стигнаа до победата.

Голема драма беше видена во натпреварот помеѓу Бамберг и Реал Мадрид. Тимот од Мадрид стигна до победата со 91:89 во последните секунди од натпреварот. Играта беше израмнета во текот на целиот натпреваро, но во финишот подобро се снајдоа играчите на Реал.

Големо изненадување направи денес Милано кој успеа во Италија да го победи Олимпијакос со 99:83.
Олимпијакос добро го отвори натпреварот, но следуваше одлична игра во втората и третата ¼-на која беше најважна за водството и победата на Милано.