Драма во групата Б: Тотенхем „се крсти“ во Мура, Интер во финишот остана со празни раце (Видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вистинска драма се случуваше на вечерашните натпревари од групата Б во рамките на Лигата на шампионите.

Тотенхем и Интер се бореа за второто место кое води во нокаут фазата, а Англичаните по вистинската лудница успеаја да се пласираат во следната фаза.

Интер мораше да победи на домашен терен против ПСВ, но направи голем кикс и не успеа да го искористи тоа што Тотенхем гостуваше на Барселона на „Камп Ноу“.

Италијанците одиграа само 1:1 против холандскиот претставник, а ремито во Каталонија значеше дека англискиот претставник ќе оди во следната фаза.

Барселона водеше уште од седмата минута кога голот го постигна Дембеле, додека конечниот резултат го постави Лукас Мура во 85. минута од средбата.