„Душата ми се врати во телото кога видов дека не е гол“


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед се пласираше во финалето на ЛЕ откако во ½-финале го елиминираше тимот на Селта.

Јунајтед во првиот натпревар победија со 1:0, но и покрај тоа гледавме вистинска драма во Манчестер. Резултатот беше 1:1 и 1 гол и требаше на Селта за пласман понатаму. Тие во последните секунди од натпреварот преку Гуидети промашија неверојатна шанса.

Голманот Ромеро призна дека многу порано го очекувал ударот кон голот и бил подготвен да реагира. Но кога видел дека тие се одлучиле на додавање, останал „замрзнат“.

„Искрено да ви кажам. Мислев дека ќе шутираат и бев подготвен да бранам, но кога видов дека ја додаде топката, се изгубив. Видов дека потоа еден нивни играч лошо реагираше и во тој момент душата ми се врати во телото.“