Евертон го потврди второто најскапо засилување во историјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Евертон штотуку потврдија дека е постигнат договор за трансфер на бразилскиот крилен фудбалер, Ричарлисон.

Ричарлисон на „Гудисон Парк“ стигнува од тимот на Вотфорд каде ја помина минатата сезона и одигра одлични први шест месеци во тимот, тогаш предводен од Марко Силва.

Токму Силва, кој сега е нов тренер на Евертон инсистираше за трансфер на Ричарлисон кој меѓу Карамелите стигнува за сума од 40 милиони фунти со што станува втор најскап трансфер на Евертон, по Гулфи Сигурдсон кој пристигна за 46 милиони фунти.

„Сакам да имам многу успех со Евертон. Мислам дека ќе биде важно за мене што ќе работам со Марко Силва повторно. Ќе научам многу затоа што се уште сум во процес на учење, и како играч мислам дека ќе се вклопам и ќе растам тука“- беа првите зборови на Ричарлисон по комплетирањето на траснферот.