Евертон и Лестер конечно се израдуваа на победи (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска беа одиграни четири натпревари од 28. коло во англиската Премиер лига.

Евертон запиша гостинска победа на натпреварот против Кардиф кој тоне се подлабоко во опасната зона. „Карамелите“ со 3:0 славеа на гостувањето во Велс, а стрелци на головите беа Сигурдсон кој стрелаше два пати и Калверт Луин.

На победа по седум натпревари се израдува и тимот на Лестер кој со 2:1 славеше пред очите на новиот предводник на клубот, Брендан Роџерс. „Лисиците“ водеа по само десет минути игра кога Греј го отвори резултатот.

Во 63. минута Медисон одлично го проигра Варди кој погоди за 2:0, а само три минути подоцна гостите намалија на 2:1 преку Пропер. Тоа беше конечниот резултат на средбата.

По долг период на победа се израдува и Хадерсфилд кој го совлада Вулверхемптон со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Муние во 92. минута од натпреварот.

Њукасл ја запиша втората победа по ред во Премиер лигата откако со 2:0 беше поуспешен од тимот на Барнли.