Евертон ќе купува од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По соработката во минатиот преоден рок кога на „Олд Трафорд“ се пресели Ромелу Лукаку, а во спротивен правец замина Вејн Руни се очекува нов трансфер на релација Манчестер-Ливерпул во летниот преоден рок.

Имено, од Евертон сериозно се заинтересирани во своите редови да го видат искусниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг.

Договорот на 28 годишниот Англичанец со Манчестер Јунајтед истекува во 2019 година, а веќе подолго време се шпекулира дека Мурињо  е во потрага по нов стопер, а токму Смолинг би бил „жртвата“ која би заминала за да се ослободи место за нов играч.