Еве колку Манчестер нуди за ѕвезда од Серија А!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мурињо ги склопува коцките за наредната сезона, ова момче може да биде важен шраф?

Веќе некое време се пишува дека на радарот на Манчестер Јунајтед е одличниот офазнивец на Наполи и белгиската репрезентација Дрис Мертенс.

Белгијанецот блеска во оваа сезона во Серија А, еден од водечките стрелци во лигата со дури 20 голови, а сосема изненадувачки после повредата на Милик доби шанса во самиот шпиц на нападот.

Таа одлука на Сари беше на место, а Милик никако да се врати во соствот, откако се опорави од повредата, бидејќи Мертенс стана незаменлив.

Сепак, веќе во ова лето Наполитанците може да останат без него, бидејќи Јунајтед сериозно загриза.

Мертенс има договор со клубот од Сан Паоло до 2018 година, со претставниците на Манчестер Јунајтед веќе се среќаваше, а сега е обелоденето колку Ѓаволите се спремни да му понудат.

Имено, како што пренесуваат медиумите во Италија, Манчестер на поранешниот фудбалер на ПСВ понуди 4.7 милиони фунти на годишно ниво, што е двојно од тоа што го заработува под Везув.

Се шушка и дека Наполи на име оштета може да добие до 30 милиони фунти.