Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот стратег се обрати на медиумите после поразот од Ливерпул во премиерниот меч од петтото коло од Премиер лигата.
Челси е поразен на Стефорд Бриџ, Конте уште еднаш увиде дека во неговата екипа постојат проблеми на дефанзивен план, а посебно после првиот примен гол.
Неколку играчи на Ливерпул останаа осамени во шеснаесетникот на Челси, Кутињо тоа го уведе и лесно го пронајде Ловрен кој немаше тешка задача да го совлада Куртоа.
„Во првото полувреме, да бидам искрен, им подаривме два гола. Кога така примаш два гола, тогаш работите ви стануваат многу тешки. Ливерпул е одличен тим и ова се многу тешки натпревари“, рече Конте.
Појасни Конте на медиумите и што прави разлика на еден дуел.
„Морате да обратите внимание на деталите, во секоја секунда. Тие детали ја прават разликата и ние вечерва поради тоа скапо плативме“, изјави Италијанецот.
На прашањето за „задоцнетите“ замени, Конте го рече следното: „Во претходните натпревари дававме голови пред крајот на дуелот, поради тоа чекав и тогаш уфрлив тројца играчи“.
„Навистина не е важно дали е ова мојот прв пораз, ова е наш пораз. Знаете, во еден клуб постојат, играчи, тренери, личности“, рече тренерот на Сините.
„Мораме да чувствуваме закана во секој момент на натпреварот, само така можеме да победиме како голем тим“, заклучи Конте.
За крај, Италијанецот ја искоментира и повредата на Џон Тери и одговори на прашањето на новинарите дали капитенот ќе биде спремен за натпреварот со Лестер во осмото коло.
„Навистина не знам. Тој има повреда на членот, не знам точно кога ќе се опорави“, изјави Конте.