Еве што му падна на памет на Гвардиола – Заха и 35 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити официјално му се обрати на Кристал Палас.

Животна сезона, а можеби и договор на кариерата. Ако Пеп Гвардиола го оствари што го има на памет, Вилфред Заха може да пее.

Крилниот напаѓач на Кристал Палас преку ноќ стана една од метите на Манчестер Сити за летниот преоден рок. Сан пренесе дека Заха би можел да се врати во Манчестер.

Тој од 2013-та до 2015-та година беше фудбалер на Манчестер Јунајтед кој го купи од сегашниот клуб, Кристал Палас за 12 милиони евра, но тогаш имаше 21 година и покрај Руни, Ван Перси, Велбек и Чичарито не се наигра. Како стартер одигра само два натпревари за црвените ѓавол и логично беше да се врати на Селхарст. Прво беше пратен на позајмица, а во 2015-та Пардју го купи за 4 милиони евра.

Од тој момент почна оживувањето на кариерата на Вилфред Заха. Прво со Кристал Палас стигна до финалето во ФА Купот, беше прогласен за најдобар фудбалер на клубот минатата сезона, а оваа сезона игра како никогаш во кариерата.

Веднаш се заинтересира Манчестер Сити. Англичаните пишуваат дека раководството на клубот од Итихад го известило раководството на Кристал Палас дека го следи Заха и дека има намера да го купи. Цената е 35 милиони евра, а за Сити тоа не е проблем.