ЕвроБаскет: Франција се издигна над Грција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Во натпреварот од второто коло од групата А на ЕвроБаскетот 2017, Франција ја победи репрезентацијата на Грција благодарение на одличното прво полувреме.

 

Франција успеа да се врати на победите по поразот во првото коло од Словенија. Овојпат жртва беше репрезентацијата на Грција, која беше совладана со резултат 95-87.

Ефикасната игра на французите во нападот во првото полувреме се покажа како клучен фактор во обезбедување на победата а посебно импресивни беа НБА играчите од составот на Франција.

Џорфи Лаверн и Еван Фурние уфрлија по 21 поен и ја поведоа Франција кон победа против Грција. Грците даваа отпор во четвртата четвртина, која ја добија доминантно, но сепак не беше доволно за да избегнат пораз.

 

Во составот на Грција најефикасен беше Принтезис со 22 поени, но тој немаше голема помош од своите соиграчи.