Европски клубови се против проширувањето на Светското првенство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Асоцијацијата на европските клубови побара од претседателот на Меѓународната фудбалска федерација Инфантино да се откаже  од предлогот за проширување на СП од 32 на 48 репрезентации.

Претседателот Румениге изјави дека бројот на натпревари по сезона кои се играат е веќе на „недозволиво ниво“.

Румениге изјави дека му испратил писмо на Инфантино пред состанокот на 10 јануари на кој ФИФА ќе ја донесе онечната одлука. Ако се прифати предлогот, од 2026 година ќе има 48 репрезентации поделени во 16 групи со по 3 селекции.

Истражувањето на асоцијацијата на европски клубови покажа дека 76% од играчите на европските клубови биле ангажирани на СП 2014 година.