Една голема нула на Мали – Египет


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во вториот натпревар од групата Д, репрезентациите на Мали и Египет ремизираа, 0:0.

Египќаните во петата минута имаа шанса за погодок преку Мохсен, но Сисоко одбрани. На полувреме се замина со почетните 0:0.

Сисоко во второто полувреме фантастично му одбрани на Мохсен кој шутираше со глава. Десет минути пред крајот на натпреварот Кулибали шутираше со глава над голот. Мали можеше да стигне до победа во последните десет минути од натпреварот, но голманот на Египет, Ел Шенави ја спаси својата репрезентација.

На крајот Мали и Египет ги поделија бодовите, 0:0.