Една од најголемите мистерии: Бразилецот на кој му „умира“ кариерата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доколку Габриел Барбоса оваа зима или наредното лето го напушти Интер и во него не се врати никогаш повеќе, овој трансфер би можел да остане како една од најголемите мистерии во европскиот фудбал во наредните години.

Интер за талентираниот Бразил летово плати 29.5 милиони евра, но тој во есенскиот дел од сезоната одигра само 16 минути во Серија А и тоа против Болоња во 6-то коло.

Од тогаш до денес, младиот напаѓач осум пати седеше на клупата за резервни играчи, а ниту еднаш не беше во конкуренција за тимот, па неговиот менаџер Вагнер Рибеиро испрати повик преку бразилските медиуми.

„Тој не е среќен бидејќи сака да игра. Конкретен проблем досега не е потврден, бидејќи никој не може да потврди што може да направите за 16 минути на теренот.“

„Според мое мислење, тој ќе стана предводник на тимот на Интер, само му треба шанса. Тој не е играч кој се задоволува само со платата. Тој сака д аигра, а ако не е така, тој не може да биде среќен.“

Планвите на младиот фудбалер се јасни.

„Тој сака да стане идол и да игра во ЛШ. Ако навистина мора да го напушти Интер, тоа ќе биде во клуб на исто ниво, а исто така заминување на позајмица не е добар потег.“