Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Спортинг Лисабон во средината на неделата официјално го претстави својот нов играч. Ова воопшто не би била вест, ако не е една од најубавите спортски приказни.
Неговото име е Мартунис, има 17 години, а многумина се сеќаваат на него на „дете со дресот на Руи Коста“. Неговиот развој во академијата на Спортинг го следеа голем број новинари во Португалија, а стана приказна број еден во Португалија.
Неговата животна приказна е неверојатно патување, па така неговата кариера сигурно ќе биде на насловните страни еден ден.
Мартунис на 8 години бил најде со слаби знаци на живот, на плажа по 21 ден откако големо цунами го погоди Аек во Индонезија во декември 2004 година.
Тој бран уби 230.000 луѓе во 14 земји на брегот на Индискиот океан. Аек е место во Индонезија кое беше најлошо погодено од цунамито, а ги уби мајката на Марунис и двете негови сестри.
Тој некако успеа да преживее сам, јадеше што можеше да најде, а по 21 ден тој бил најден.
Во текот на своето преживување, Мартунис дошол во сите медиуми во Португалија, бидејќи на брегот бил пронајден со дресот на легендата на Португалија Руи Коста.
Во првата изјава за медиумите, тогаш детето изјави.
„Не ми беше страв. Сакав да преживеам и да бидам со своето семејство, а исто сакам да станам и фудбалер.“
Неговата приказна ги освои срцата на многу луѓе, како и на Роналдо. Тој тогаш одлучи да ги превземе трошоците за живот на малиот Марунис.
Мартунис се запозна тогаш со Роналдо, а и со целиот тим во 2005-та година, кога Мартунис кажа дека сака во иднина да го носи дресот на Португалија.
Тој сега регуларно ќе може да настапува за екипата до 19 години на Спортинг.