Едно од ланските засилувања на Реал наскоро ќе го напушти „Бернабе“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот кој минатото лето пристигна на „Сантијаго Бернабе“, Тео Ернандез е пред заминување од тимот на Реал Мадрид.

„Кралевите“ ќе патуваат во САД за нивната турнеја во текот на денешниот ден, а играчот нема да биде вклучен во тимот кој ќе летне на подготовките.

20 годишниот лев бек е блиску до позајмица во редовите на Реал Сосиедад, кој се согласил да плаќа половина од платата на играчот.

Договорот за позајмица не вклучува и опција за купување што значи дека Тео од наредната година ќе се надева на првотимски фудбал во Реал Мадрид.