Ексклузивно – Дали е ова првиот состав на Милан за следната сезона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе се потрошени 50 милиони, се надеваат на продажби, но и размени. Некои мети не се реални, но навистина може да се формира овој тим. Дали е доволно добар за амбициите на навивачите?

Милан сепак ќе проба да дојде до шестото место и квалификации за ЛЕ. Како што се зборува тие веруваат дека од тоа натпреварување, ако стигнат далеку може да добијат сериозни пари.

Веќе е договорено доаѓањето на Кеси и Мусачо, сон е Обамејанг, се споменува и Мората, но се чини дека тоа се нереални мети.

Клубот се надева дека трансфер буџетот може да го засили продажбата на Нианг кој е на позајмица во Вотфорд, Де Шиљо кој е пред заминување во Јувентус и нормално Карлос Бака кој ќе го напушти клубот.

Веруваат на добрите односи со Аталанта, го сакаат ветеранот Папу Гомез кој игра сезона од животот, но класичниот напаѓач останува прв проблем.

Како што рековме, имињата кои се споменуваат не се во склоп со буџетот, па така ни доаѓањето на Калиниќ од Фиорентина или Кеита од Лацио не е извесно.

Со Волфсбург ќе пробаат да го договорат трансферот на Рикардо Родригез, лев бек, но и искусниот Луиз Густаво, поради тоа што Фабрегас за средината на теренот е едноставно прескап.

Се надеваат дека Џеко, кој е докажан љубител на Милан ќе прифати да дојде на Сан Сиро, дури и како замена за Бака кој Унаи Емери го тренираше, а Мончи да го доведе во Рома.

„Тутоспорт“ исфрли денеска состав кој евентуално може да ги задоволи амбициите на навивачите.

Донарума,

Абате, Ромањоли, Мусачо, Рикардо Родригез,

Луиз Густаво, Кеси, Сусо, Бонавентура

Папу Гомез(Кеита), Џеко (Калиниќ).

Некои медиуми пишуваат дека Милан ќе најде пари за Обамејанг, својот некогашен играч, но се чини дека тоа спаѓа во доменот на научна фантастика.

Било како било, ќе видиме што може да направат во текот на летото, овој состав делува респектабилно, но, да повториме 50 милиони се на располагање и тие се потрошени на Кеси и Мусачо, остатокот треба да стигне од продажбата и евентуално некои позајмици, односно размена на играчи.