Елмас префрлен во младата репрезентација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Елиф Елмас се почесто добива шанса да се докажува во најдобрата репрезентација на Македонија.

Нашиот најголем фудбалски бисер беше асистент на Горан Пандев за погодокот против Израел, но заработи жолт картон и поради парни картони нема право за настап на натпреварот против Албанија.

Поради таа причина Елмас е прекомандуван во У21 репрезентацијата која утре против Ерменија ќе го одигра својот прв натпревар во рамките од квалификациите за Европското првенство во Италија.