Емери во јануари ќе го доведе во Арсенал својот миленик од Севиља…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Арсенал би можела да добие некое засилување на почетокот на 2019. година.

Менаџерот на лондонскиот тим, Унаи Емери ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да доведе што повеќе квалитетни засилувања, а меѓу нив е и негвоиот миленик од Севиља, Евер Банега.

Банега во Севиља мина две сезони под водство на Емери. Шпанецот е голем фан на играта на репрезентативецот од Аргентина и е убеден дека неговиот некогашен тим ќе го продаде за 20 милиони евра.

За искусниот играч за враска ова е втор престој во тимот од Андалузија. Претходно го носеше дресот на Севиља од 2014. до 2016. година, а потоа оствари трансфер во Интер.

Сепак, само една година подоцна се врати во овој тим. Тоа се испостави како вистински потег, бидејќи Банега игра навистина фантастично и е главен играч на шпанскиот тим во оваа сезона.

Банега постигна осум погодоци и запиша пет асистенции оваа сезона…