Емери прави голема реконструкција: Арсенал го напуштаат 12 фудбалери!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доаѓањето на новиот тренер Унај Емери предизвика големи промени во екипата на Арсенал. Клубот досега ги ангажираше Бернд Лено од Баер Леверкузен за 25 милиони и бекот Стефан Лихтштајнер од Јувентус.

Новите шпекулации се дека Арсенал ќе го напуштат дури 12 играчи. Покрај Санти Казорла, Пер Мертезакер и Џек Вилшер, најавени се заминувања и на уште девет играчи од младинскиот состав.

Мертезакер ја завршува кариерата, Казорла се враќа во Вилјареал, а иднината на Вилшер наскоро ќе биде позната.