Емери пресече и им стави крај на сите гласини: Неговиот менталитет ни е потребен, квалитетната десетка останува во составот на „Топчиите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми во последните денови се повеќе се пишува за тоа дека Месјт Озил би можел да го напушти Арсенал.

Озил кој до скоро важеше за најдобра десетка на светот во последно време и не игра многу, а со оглед на тоа дека во средата изостана од ростерот на Емери за мечот против Тотенхем, се повеќе се интензивираат гласините дека во германскиот фудбалер не верува премногу Унаи Емери.

Дејли Меил, помеѓу останатото, пишуваше дека во Арсенал размислуваат за опцијата Озил да го испратат на позајмица, меѓутоа не требаше долго да се огласи и самиот Емери и да им стави крај на таквите натписи.

„Озил ќе биде во составот за мечот со Барнли“, потврди Емери и додаде:

„На секој играч со добар менталитет му е потребно да ни помогне со своите квалитети. Потребен ни е Озил. Има ли иднина во Арсенал? Да, зошто да не“, порача менаџерот на Арсенал.

Германецот инаку е меѓу најплатените играчи на Арсенал со седмична плата од 350 илјади фунти.