Емери шокиран: Повредата на Велбек влијаеше многу на фудбалерите! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Арсенал, Дени Велбек, одигра само 25 минути во дуелот помеѓу Арсенал и Спортинг Лисабон во четвртото коло од групната фаза во Лига Европа, зашто доживеа тешка повреда на скочниот зглоб.

Велбек се повреди по еден тежок дуел во казнениот простор на Спортинг Лисабон, а беше изнесе со носила од теренот.

Тренерот на Арсенал, Унеј Емери, беше шокиран по повредата и ова е најлоша вест за неговиот клуб.

„Мислиме дека повредата е сериозна. Таа влијаеше премногу на фудбалерите и тие забележаа дека воопшто не е наивна повредата. Кога играш фудбал овие работи се чести“, кажа Емери.

Велбек имаше неколку сериозни повреди откако пристигна во Арсенал од Манчестер јунајтед, а досега пропушти околу 70 натпревари на својот клуб.