Енрике нема што да загуби, а од Меси многу работат зависат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако некој денес има право да се надева на пласман и покрај 0:4 пораз тогаш тоа е секако Барселона.

Барселона беше очајна во Париз пред 3 недели, загуби со високи 4:0 и е на прагот од елиминација од Лигата на шампионите.

Сепак, сите знаат каква моќ поседуваат играчите на Барселона, посебно офанзивното трио – Меси, Суарез, Нејмар.

Значи, Барса ни после четири гола заостанување не треба да се отпишува, но и најголемите фудбалски непознавачи е јасно дека ПСЖ е далеку блиску до четвртфиналето.

Луис Енрике најави дека заминува на крајот на сезоната и повеќе нема што да загуби, а може многу да добие доколку направи чудо какво што никогаш порано не се случило во Лигата на шампионите.

Па така, како што тврди Марка, Барселона ќе почне најофанзивно што може против ПСЖ.

Енрике уигрува од порано формацијата 3-4-3 и таа се покажуваше како полн погодок, но остава доста проблеми назад.

Барселона со новата формација го победи Атлетико во Мадрид со 2:1, па Спортинг од Хихон 6:1, а на крајот и Селта со 5:0.

Така повторно ќе почне со тројца напред против ПСЖ, а од првата минута Каталонците ќе сакаат да постигнат гол, а ќе биде проблем ако има брзи контри.

Пак на другата страна имаат Кавани, Дракслер, Лукас…Енрике планира некое изненадување, па не е невозможно Рафиња да заигра на десната страна, а Меси да ја заземе позицијата десетка во средниот ред.

Од Меси многу работи зависат, а во Париз Аргентинецот практично не се виде.

Ќе мора да преземе многу повеќе одговорност, но Енрике ќе мора да му даде повеќе слобода и да му ја пронајде вистинската позиција.

Многу работа пред Енрике и неговите помошници, а време остана – нешто повеќе од 24 часа.