Енрике повторно во големи проблеми, на Јувентус му се насмевнува ½-финале во ЛШ!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Барселона во Торино беше поразена со 3:0 од Јувентус во ¼-финале од ЛШ.

Барселона повторно ги разочара навивачите со својата лоша игра, па се наоѓаат пред тешка задача во реваншот кој се игра во Барселона.

Сепак, тука не е крајот за проблемите на енрике затоа што по се изгледа дека Маскерано нема да игра во реваншот.

Аргентинецот веќе некое време има проблеми со повреда на мускулот на левата нога поради што скоро сигурно ќе биде отсутен за реваншот. Покрај сите случувања во Барселона во последно време, ова ќе биде уште еден голем проблем за Енрике.

Иако Барселона во 1/8-финале направи чудо против ПСЖ во реванш натпреварот, сега е тешко да се очекува дека тие ќе го направат истото против Јувентус.

Маскерано ќе го пропушти натпреварот против Јувентус за да биде подготвен за натпреварот против Реал Мадрид кој се игра неколку денови подоцна.