Ескалацијата на конфликтот во Барселона: Еве што залудно бара Меси и како му се потсмеваат во Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Енрике нема да го продолжи договорот со Барселона и ќе си замине на лето. Според последните информации, оваа реченица ја рекол претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во неформалниот состанок со неколку новинари на традиционалната божиќна вечера во „кралскиот клуб“.

Според пишувањата на некои шпански медиуми, состојбата во Барселона беше главна тема за време на разговорите со мадридските новинари кои секојдневно го следат Реал. Една од прогнозите на Перез е дека Реал на долга патека ќе ја превземе доминацијата во шпанскиот фудбал и дека во Барселона следат тешки денови.

Претседателот на Реал тврди дека на „Камп Ноу“ владее напната атмосфера и дека зад сцената се нешто се случува, постојано постојат конфликти и клански борби кој во следните неколку недели би можеле да ескалираат во отворен конфликт кој нема да можат да го сокријат. Еден од примерите е неодамнешната состојба со Иван Ракитиќ кој полека се претвора во случајот и може да биде жртва на валканите игри во каталонскиот двор.

Од Мадрид веќе долго време велат дека во Барселона се наоѓа во големи финансиски проблеми поради огромниот финансиски апетит од својата ѕвезда. Тоа може да се препознае и според некои изјави на претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, кој јавно им кажа на своите играчи да не очекуваат зголемување на платите и дека Барселона пред се мора да мисли на финансиската стабилност на клубот и да го одржи развојот на клубот на сметката на немилосрдната потрошувачка.

Со други зборови, Барселона не може да си дозволи да троши повеќе од што заработува, што беше случај во минатото и предизвика огромни долгови кој Барселона се уште ги отплатува. Освен тоа, фактот дека уделот на платите во буџетот на клубот ги скрши и одредените ограничувања од страна на УЕФА.

Деталите на новинарските разговори со Перез протекоа истата ноќ, што не треба и да не изненадува. Таквите разговори обично се водат со цел да бидат објавени. Тоа во Каталонија се толкува како уште еден обид на луѓето од Мадрид да внесат немир во Барселона и дополнителна дестабилизација. Класична психолошка игра на релацијата Мадрид – Барселона.

Сепак, Перез, меѓу другото, изјавил дека Луис Енрике е во лоши односи со неколку играчи, осбоено со Лионел Меси. Не е тајна дека Енрике и Меси во минатото имале несогласности па и жестоки расправии. Добро е познат случајот по оној епски пораз на „Аноети“ пред две години кога целата работа излезе на површина. Таа кризна ситуација е надмината со серија на победи, враќање на врвот на табелата и освојвуање на тројна круна. Овој пат не е толку среќен крај. Наводно, Енрике веќе донел одлука и на крајот на сезоната ќе си замине.

Се појавија и други гласини дека претставниците на Барселона објавиле разговори со Хорхе Сампаоли, аргентинскиот менаџер кој успешно ја води Севиља и што можеби е уште позначајно, е во одлични односи со Меси, кој по многу нешта диктирал на „Камп Ноу“. Наводно во соблекувалната на Реал, Меси го нарекуваат „лошото џуџе“ и „малиот диктатор“.

И на други адреси, се добива впечаток дека Меси е вистинскиот шеф во Барселона. Една од шпекулациите која овие денови се врти е дека Меси, освен големото зголемување на платата, го условил останвуањето во Барселона и со право на збор за изборот на нов менаџер и на купување нови играчи. Понатаму, бара во важни работи да се почитуваат неговите желби, а наводно желбата на Меси е Барса да се раздели со Енрике на крајот на сезоната и да го донесат Сампаоли, и на лето да пристигнат засилувања на дефицитарните позиции, не како во последно време „полупроизводи“.