Ето го исполни ветувањето и заштеди 100.000 евра!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерите на Анталијаспор во последниот натпревар го победија Газијантепспор со 4:1.

Тие во оваа сезона завршија на 5-то место и тоа е најдобар пласман во нивната историја. Секако, најголема ѕвезда беше Ето кој пред неколку месеци дал интересно ветување.

Тој беше сигурен дека неговиот тим ќе заврши во топ 10 и им вети на навивачите дека ако не биде така, тој ќе му плати на клубот 100.000 фунти.

Ето со освоеното 5-то место го исполни ветувањето и заштеди 100.000 евра. Тој постигна 18 голови во сезоната.