Ето се огласи по „трансферот“ во Амкар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скоро сите медиуми денес пренесоа информација дека поранешниот фудбалер на Камерун преминал во тимот на Амкар.

Многумина наседнаа на фотографијата на која Ето го држи дресот со број 36, па помислија дека е играч на овој клуб.

Сепак, Ето се огласи на Инстаграм и напиша дека тоа бил подарок за својот 36-ти роденден кој ќе го прослави во март.

„Ова е само подарок за мојот 36-ти роденден кој ќе биде во март.“

Да потсетиме, Ето е моментално играч на Анталијаспор. За оваа екипа одигра 46 натпревари и постигна 26 голови.