Ефес одлично започна, но Бамберг со пресврт стигна до победата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одигра првиот натпревар во Истанбул помеѓу Анадолу Ефес и Бамберг, а до победата стигна тимот од Германија.

Натпреварот започна одлично за Ефес кој имаше предност по првата ¼-на со 23:17, но потоа следуваше пад во играта и доминација на Бамберг кој замина на полувреме со предност од 42:32.

Во тоа темпо продолжи тимот на Бамберг, па по третата ¼-на имаше уште поголема предност, откако таа ¼-на ја доби со 22:13, а до крајот на натпреварот Ефес ја подобри малку играта, но на крајот не успеа да стигне до победата, односно Бамберг победи со 67:87.

Најдобар стрелец беше Радошевиќ со 16 постигнати поени во тимот на Бамберг.