Жалгирис го победи Бамберг – Панатинаикос со голем пресврт до победа против Уникс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одиграа уште 2 натпревари во Евролигата.

Во првиот натпревар Бамберг на домашен терен беше немоќен против Жалгирис кој победи со 91:86.

Во првото полувреме натпреварот беше во корист на Жалгирис, кој за нијанса беше подобар и имаше предност од 49:45, а до крајот на натпреварот го одржаа водството и победија.

Во вториот натпревар Панатинаикос во последната ¼-на од натпреварот избори победа со 83:82.

Во првата ¼-на тимовите беа израмнети, но потоа заигра подобро Уникс и на полувремето имаше предност, но во последната ¼-на од натпреварот се случи пресврт на тимот на Грците кои стигнаа до победата.