Жестоки обвиненија од агентот на Сала: Кардиф го остави сам да си го организира летот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гласините за позадините на несреќата на Сала се уште се актуелни.

Емилијано Сала трагично загина во авионската несреќа на 21 јануари на релацијата Нант-Кардиф. По двонеделната истрага, неговото тело беше пронајдено на дното во Англискиот канал. Со обдукцијата е утврдено дека фатална била повредата на главата.

Некогашниот фудбалски посредник, Вил Меккеј, помогна при договорот на Нант и Кардиф во трансфер вреден 17 милиони евра. И денес, 40 дена по несреќата, тврди дека вината лежи во Кардиф.

„Емилијано Сала беше приморан самостојно да го органзиира својот пат. Беше препуштен на самиот себеси во пронаоѓањето на хотел и лет во Нант за да се поздрави со бившите соиграчи. Мислам дека Кардиф чувствува непријатност, како и одредена доза на вина. Срамота“, порача Вил за Би-Би-Си.

„Луѓето, почнувајќи од мене, бараат жртвено јагнеч. На крајот веројатно ќе се заклучи дека трагедијата била грешка на пилотот“, изјави Вил Меккеј и се насочи кон тежиштето со Кардиф околу наплатата на трансферот на три рати.

„Баш ми е гајле. Воопшто не ми е грижа бидејќи минавме низ тотален пекол“, заклучи со напомена дека со својот син моментално судски нема да ги гони Нант кои на Марко Меккеј не исплатил провизија од 1,7 милиони евра поради посредувањето во трансферот на Сала.

Кардиф за Би-Би-Си ги демантираше обвиненијата на Меккеј и истакна дека на Сала му бил понуден лет со комерцијална авио компанија.