Жоао Марио призна дека пробува да ја наговори ѕвездата на Реал Мадрид на доаѓање во Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на Интер Жоао Марио призна дека пробува да ја наговори ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, да му се придружи во италијанскиот клуб.

Спортскиот директор на миланскиот клуб Пјеро Усилио неодамна изјави дека шпекулациите за доаѓање на Лионел Меси се невистинити, и дека трансферот нема да се случи.

Италијанските медиуми за преминот на Меси почнаа да зборуваат после што поранешниот претседател Масимо Морати изјави дека Нероаѕурите планираат да доведат големо засилување.

Меѓутоа, португалскиот репрезентативец и член на клубот Жоао Марио, кој го освои ЕП во минатата година со Роналдо, сонува за негово доаѓање во Серија А, и изјави дека пробува да помогне на клубот и пробува да го наговори Роналдо да дојде.

„Португалија има многу квалитет, но Кристијано Роналдо е очигледно наш талисман, најважен играч“, рече Марио за Интер Тв.

„Пробувам да го наговорам да ми се придружи во Интер. Рече дека само тоа не е ниту малку лесно. Тој не ми е само соиграч, веќе и пријател, добра личност и роден лидер. Тој е голем човек кој се грижи за сите“.

„Евро 2016 година беше единствено искуство. Отсекогаш сонував за освојување нешто со мојата држава, но никогша не замислував таков развој на настаните“.

24-годишниот Жоао во Интер стигна од Спортинг во минатиот август, каде што и Роналдо играше на почетокот на кариерата, за 45 милиони евра.