Жозе Мурињо се огласи за можното враќање во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо, кој го тренираше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, даде до знаење дека не би имал ништо против враќање во „кралскиот клуб“.

Португалецот е слободен, откако доби отказ од Манчестер јунајтед на крајот на минатата година, па во шпанските медиуми се појави како можна замена за тренерот Сантијаго Солари по двата порази од Барселона.

„Да се вратам во клубот каде што бев, клубот со вистинска структура и вистински амбиции? Нема проблем. Гордост е кога клубот во кој си бил сака да се вратиш. Ми се допаѓа Шпанија, но не го бирам клубот поради климата. Тоа е клуб број еден во светот, со 13 европски титули“, вели Мурињо.