„Забранете ги водушните тунели!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Техничкиот шеф на Ред Бул, Адријан Њуи изјави дека Ф1 би можела веднаш да ја забрани употребата на водушните тунели ако сакаат да ја надоградат креативноста.

Дизајнерот на голем број шампионски болиди во Ф1 во последните 3 децении изјави дека ја разбира потребата од намалување на трошоците, но и израмнување меѓу тимовите.

Иако се противи на ограничување на буџетите, Њуи верува дека постојат можности кои ќе допринесат за намалување на трошоците.

„Мое мислење е дека Ф1 треба да биде борба со креативноста на инжинерите. Тоа значи дека не би требало да биде борба помеѓу ресурсите. Тешко е да се воведе ограничување на буџетите, но ако смислат ограничување на ресурсите, особено што се однесува до шасиите, која многу зависи од аеродинамиката.

„Може да се воведат важни забрани, можеби да се забрани употребата на воздушни тунели. Ако ги намалите ресурсите, тогаш тоа ќе биде борба помеѓу инжинерите.“

Оваа година Ф1 започнува со ГН на Австралија на 26 март.