Завршена е драмата за Нејмар – ПСЖ одлучува за неговата иднина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер летово крена голема прашина, откако одлучи да ја напушти Барселона и да се пресели во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.

Нејмар по четири сезони во Барселона донесе одлука дека е време за нов чекор во кариерата, но многумина се изненадија со неговиот трансфер во ПСЖ.

Сепак, иако летово стигна во Париз, медиумите пишуваат дека Нејмар ќе замине од клубот и најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, кој е подготвен да плати 300 милионие вра за него.

Меѓутоа, иако многумина тврдеа дека Нејмар има откупна клаузула во договорот, на крај се дозна дека тоа не е вистина.

„Клаузулата на Нејмар? Па, единствен начин на кој може да замине од ПСЖ е ако двата клуба се договорат за висината на трансферот зашто не постои откупна клаузула во неговиот договор“