Заврши судскиот процес: Стеауа го изгуби името!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Гигантот од Романија, Стеауа го изгуби судскиот случај со министерството на одбрана, кое ги задржа сите права на симболи, како и името на тој клуб.

Најуспешниот романски клуб и поранешен освојувач на Купот на европските шампиони во 1998 година се раздели од спортското друштво на романската армија, па од тогаш се води спор со власта и војската.

Судот пресуди во корист на Министерството, кое најави дека ќе го тужи сопственикот на Стеауа, Џиџи Бекали за нелегално користење на името и брендот повеќе од деценија и ќе бараат оштета од 40 милиони евра.

Бекали најави жалба до Врховниот суд за да се поништи одлуката, бидејќи според неговите зборови клубот ќе банкротира и ќе биде преместен во аматерски ранг на натпреварување.

Романскиот бизнисмен најави дека размислува и за промена на името на клубот во „Спортс Бекали“.

„Навивачите ќе ме следат, тие се со мене бидејќи сметаат дека ова е голема неправда.“