Завршува епизодата во Турција – Сега Ето ќе се сели во Кина?!


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Искусниот фудбалер би можел кариерата да ја продолжи во Кина.

За неговите услуги се заинтересирани од втората лига на Кина, поточно Далијан кој сака да го донесе 36-годишниот играч.

Понудата на овој тим тешко може да се одбие.

Наводно станува збор за голема сума на пари со која би бил задоволен искусниот играч.

Меѓутоа, раководството на овој тим е подготвено да го продаде, а генералниот тренер на кинескиот тим отпатува во Турција на преговори со Камерунецот и клубот за трансфер.

Скоро е сигурно дека Ето ќе се пресели во Кина, само треба да се завршат некои формалности.

Ето во богатата кариера има најдобро играно во Барселона, а исто така има играно и во Интер, Челси, Евертон и Анталијаспор.