„Залудни ви се парите, не ви го даваме Сергеј!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никаква понуда нема да ги натера Римјаните да го сменат ставот.

Сергеј Милинковиќ Савиќ продолжува со одличните игри, од недела во недела. Јасно, медиумите веднаш го поврзаа со голем број клубови, а во Англија лансираа бомба.

Меѓутоа, во Лацио се јасни.

„Нема цена, не го продаваме!“

Тој ќе добие покачување, од сегашните 700 000 евра, ќе премине на повеќе од милион и ќе стане еден од играчите кои најмногу заработуваат во тимот.

Моментално најплатен е Имобиле со 2 милиони. Според Лацио, тој би требало да стане најплатен по Имобиле во клубот, а тоа би значело договор до 2022 година.

Јувентус го сака Србинот, но сосема е сигурно дека нема никаква шанса Лотито да го продаде, а особено не на италијански тимови.

Покрај Арсенал, се споменува и Челси, но во овој момент пореално е Сергеј да игра во Лацио.