Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според медиумите, Арсенал преговара со тренерот на Јувентус.
Алегри постави уште еден голем успех откако ја победи Барселона со 3:0 во првиот натпревар од ¼-финале во ЛШ.
Неговиот Јувентус е прв во Серија А со 6 бодови повеќе од првиот тим кој ги следи, а екипата стигна и до финалето на купот.
Алегри има договор со Јувентус до 2018-та година, но во клубот веќе сакаат да преговараат за можно продолжување.
Меѓутоа, новинарите пренесуваат дека Арсенал во последниве 7 денови е во контакт со Алегри.
Познато е дека Алегри од неодамна учи англиски и дека е заинтересиран во иднина да превземе некој од тимовите во ПЛ, но сеуште нема потврда дали тоа ќе се случи наредната сезона.