Замената за Пепе стигнува од ПЛ?!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Аргентинецот се враќа во Шпанија?

Поранешниот капитен на Реал Мадрид ќе го напушти тимот по 10 години, а Перез бара негова замена.

Според последните информации од Островот, стоперот на Сити, Отаменди се понудил на Реал и би сакал да игра во Мадрид.

Наводно тој не е задоволен со минутажата и улогата кај Гвардиола кој на лето ќе донесе уште еден стопер.

Реал сега може да смета само на капитенот Рамос, Варан и Начо, па јасно е дека Перез мора да донесе уште еден сигурен стопер.

Отаменди би го чилен Реал околу 30 милиони евра.

Да потсетиме, покрај Отаменди, се споменува и враќање на Ваљехо кој игра одлично во редовите на Франкфурт.