Заминува уште еден играч од Челси?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа дека Челси реши да остане без еден од своите фудбалери на крајот на оваа сезона.

Рубен Лофтус-Чик минатата сезона имаше поголема минутажа, отколку оваа, па реалност е да го напушти тимот на Конте.

Само 6 пати беше виден на теренот оваа сезона, а тоа е малку за некој од кој се очекуваше да направи голем напредок во кариерата.

Постои можност од наредната сезона да оди на позајмица, а интерес постои за него.

Дефанзивниот играч за врска би можел да замине во БЛ, а за него интерес покажа Менхенгладбах.

Тој има само 21 година, па ќе видиме по кој пат ќе замина наредната сезона.