Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми носат вест дека Милан го договорил првото засилување за наредната сезона.
Според медиумите, нов фудбалер на Милан од лето ќе стане Матео Мусачио од Виљареал.
Овој 26-годишниот играч ќе стане првото засилување на Милан во ерата на кинеските сопственици, а клубот од Милано ќе плати 15 милиони евра и некои бонуси за него.
Мусачио игра како стопер и во Виљареал покажаа желба да го продолжат договорот со него, кој моментално важи до јуни 2018-та година, но од тоа најверојатно нема да биде ништо.
Во оваа сезона Мусачиo одигра 20 натпревари во Примера и 6 натпревари за Аргентина.