Започнуваат преговорите – Абрахам доаѓа во ПЛ!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Младиот напаѓач на Бристол Сити, Тами Абрахам би можел од наредната сезона да игра во ПЛ.

Тој има договор со Челси, но најверојатно нема таму да ја дочека својата шанса, па поради тоа ќе се пресели во Њукасл.

Њукасл е заинтересиран да го донесе Абрахам на 1-годишна позајмица, а преговорите се закажани за наредната недела.

Тој во оваа сезона играше за Бристол и постигна 23 голови на 41 натпревар.