За кого требало Шакири да потпише пред Ливерпул?


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Швајцарскиот репрезентативец со потекло од Косово, Џердан Шакири беше јунак на победата на Ливерпул над Манчестер Јунајтед со 3-1.

Шакири во игра влезе во второто полувреме, а потоа постигна два голови за голем триумф на Редсите.

По овој повод англиските медиуми се потсетија на летните случувања кога Шакири после Светското првенство во Русија одлучи да го напушти Стоук кој излезе од Шампионшип.

Малку е познато дека овој 27 годишник беше на пат да потпише за Манчестер Јунајтед, но Мурињо ја стопираше работата.

Португалецот разговарал со своите фудбалери на тема доведување на Шакири и се усогласиле дека тоа би бил добар потег, но на крајот сепак се проценило дека Швајцарецот не вреди 15 милиони евра.

Џердан во договорот со Стоук имал клаузула дека може да го напушти клубот за нешто помалку од 15 милиони евра доколку Стоук излезе од Премиер Лигата, а Јунајтед не ја искористи таа прилика за релативно мали пари да доведе проверен фудбалер.

Шакири во меѓувреме потпиша за Ливерпул, тој настапува обично како резерва, има одиграно 13 натпревари и има постигнато 5 голови и две асистенции.