За малку избегната голема несреќа: Кошаркар на Галатасарај во последен момент избегна трагедија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Истанбул го погоди уште една трагедија. Терористичките напади станаа секојдневие во еден од најубавите градови во светот, а сега загинаа 39 луѓе.

Клубот Реина, каде што се случи масакрот , е еден од најпознатите во овој град и секој ден привлекува голем број на жители на Истанбул.

Кошаркарот на Галата, Остин Даје имал во план да го посети клубот, но за среќа се откажал од таа намера.

„Неверојатно. Имав план да одам во Реина, но се предомислив. Шокиран сум. Моите мисли се со жртвите.“

Интуицијата го спаси овој играч, а неодамна еден американски кошаркар, Брус Котон одлучи да го напушти Истанбул од сигурносни причини.